Македонија Топ вести

Екс претседателката на Врховен суд Лидија Неделкова разрешена на барање на разрешениот Вангеловски

Преставката на разрешениот судија Јово Ванѓеловски успеа, ја разрешија и неговата некогашна колешка Лидија Неделкова. Пред Судскиот совет тврдел дека несовесно ја водела својата работа по три основи. Користела три дена годишен одмор без негово одобрение, не примала предмети во оддел за судење во разумен рок и дека кога се одлучувало по жалби за референдумот, таа иако член на совет, не била на работа. Неделкова пак кажа дека имала повреда откако излегла порано за да пречека мајстори за машината за перење и тогаш паднала, се повредила, а и се скршил и мобилниот.

Но Судскиот совет имал докази и факти дека судијката ненавремено, несовесно и немарно ги извршувала своите обврски. Едногласно 13 членови на советот гласаа за нејзиното разрешување.

За Неделкова ова е политички мотивирана хајка на која ќе се жали.

Само еден член од Судскиот совет, Миљазим Мустафа кој беше дел и од комисијата која го предложи разрешувањето, истакна дека има издвоено мислење. И тој мисли дека Неделкова не треба да е разрешена а дека претставката на Вангеловски против Неделкова е тенденциозна. Двајцата поранешни престедатели на Врховен суд освен што беа спротивставени пред советот тие се и пред судот. Вангеловски е обвинет а Неделкова е оштетена во случајот во кривичен оти обвинителството смета дека и скратил 500 евра пари кои требало да ги земе како додаток на плата. Вангеловски беше разрешен лани.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петрушевски: Претходната влада го дуплира долгот што го направиле сите влади од осамостојувањето

Sasko Dimovski

Нула резултати, економски дебакл, лажни ветувања, рекорден долг на државата – оценка на Тренчевска за двегодишниот учинок на владата на ВМРО-ДПМНЕ

Sasko Dimovski

Гори меѓу Грчец и Шишево и во радовишко – осум изгаснати пожари

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе