Македонија Најважни

ВМРО-ДПМНЕ започнува процедура за собирање потписи за поништување на Законот за попис

ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за собирање потписи за поништување на Законот за попис. Потписите ќе се собираат преку подрачните одделенија на Министерството за правда веднаш по објавувањето на законот во Службен весник. Во тек е и електронска петиција за да се подигне свеста кај власта за последиците од најголемата статистичка операција. Обвинуваат за фингиран попис кој ќе биде резултат на политички пазарења на СДСМ и ДУИ.

Социјалдемократите го повикаа ВМРО-ДПМНЕ да престане со неразумните блокади, порачувајќи им да не се плашат затоа што пописот ќе бил успешен.

Расправата во Собранието за Законот за попис заврши вчера и се очекува во текот на идната недела владејачкото мнозинство да обезбеди мнозинство за гласање од 61 пратеник. Најголемата статистичка операција ќе ја чини државата 8,5 милиони евра а резултатите ќе бидат објавени 6 месеци по завршување на целиот процес.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Регистриран прв случај на Зика вирусот во Македонија – пациентот се заразил на Малдиви, каде бил каснат од комарец

Sasko Dimovski

Хоџа: Работиме на регистар за секој граѓанин да има увид кој капацитет колку загадува, ако не се реализира проектот ќе сносам одговорност

Sasko Dimovski

Хоџа уверува: Обновената дозвола за „Титан Усје“ ќе биде според новиот закон

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе