Вести Македонија Најважни

Захариева: Бугарскиот став нема да го сменат изборите, Македонија е во заблуда

Позитивни тонови и пораки од Германија, дијаметрално спротивни од Софија, молк од Владата и МНР, специјалниот пратеник Бучковски се врати од Бугарија но детали со кого се сретнал и што е зборувано нема.

Македонија ги исполни условите и старт на пристапните преговори треба да има, соопшти денеска германската амбасадорка, Анке Холштајн. Таа додаде дека Геманија нема план Б и во рамките на тројното претседателство ќе продолжи со напорите да обезбеди старт на преговорите. Во меѓувреме Македонија и Бугарија мора да работат барем на оние точки каде што нема различни мислења или судир на интереси.

Од Софија продолжуваат острите тонови, овој пат од шефицата на дипломатијата Екатерина Захариева. Македонија е во заблуда и не треба да се надева на промена на ставот на Бугарија по изборите бидејќи за ова прашање има единствен став  како кај политичарите така и во општеството. Таа додаде дека е клучно да се намалат емоциите за да може размуно да се пристапи кон решавање на проблемите.

Од опозициската ВМРО – ДПМНЕ повторно обвинија дека се распродава македонскиот идентитет и дека премиерот Заев и неговите соработници лажеле обидувајќи се да ги сокријат информациите со кои партијата располагала. Тие побараа од Владата веднаш да го објави во јавноста документот со 12 точки  за кој официјална Софија тврди дека го доставила.

Од МНР соопштија дека специјалниот пратеник Владо Бучковски се врати во Скопје. Детали за сребите нема. Нема информаци ни околу Акцискиот план доставен од Захариева и Анексот со 12 точки кој го најави Каракачанов.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Регистриран прв случај на Зика вирусот во Македонија – пациентот се заразил на Малдиви, каде бил каснат од комарец

Sasko Dimovski

Трамп: Мелони ме молеше да се сликаме во Париз – Мелони: Ниту јас, ниту Италија не молиме никого, запамти го тоа

Sasko Dimovski

Хоџа: Работиме на регистар за секој граѓанин да има увид кој капацитет колку загадува, ако не се реализира проектот ќе сносам одговорност

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе