Вести Свет

ФБИ предупреди за нови вооружени протести во Вашингтон

Како наближува инаугурацијата на 20-ти јануари на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден се зголемува и обезбедувањето во Вашингтон. Ова повеќе поради предупредувањето од Федералното Истражно Биро дека се подготувуваат вооружени протести во главниот град и уште 50 главни градови во американските сојузни држави. ФБИ тврди дека има информации за група луѓе кои повикуваат на „јуриш“ врз институциите во случај Трамп да биде отповикан од функцијата пред истекот на мандатот. Неидентификуваната вооружена група наводно се планира бунт и немири и на денот на инаугурацијата на Бајден.  Се подготвуваат  да пристигнат во Вашингтон на 16-ти јануари, и иако протестите ги најавиле за мирни, сепак за денот на инаугурацијата се активирани 15 илјади војници. ФБИ повика и на вонредна состојба до 24-јануари, која со уредба е одобрена и од претседателот во заминување Доналд Трамп.

Во меѓувреме, тече рокот од 24 часа кои му ги дадоа Демократите на потретседателот Мајк Пенс да го активира амандамнот 25 и да го отповика Трамп пред истекот на мандатот, бидејќи по насилниот упад на Капитол Хил, сметаат дека не е во можност да ги извршува своите должности. За Демократите, Трамп претставува „директна закана“ за нацијата и „мора веднаш да биде сменет од функцијата“. Додека трае расправата во јавноста за тоа дали има време за импичмент на Трамп со оглед на тоа што му остануваат уште 8 дена во Белата Куќа, Демократите сметаат дека тој мора да одговара за она што се случи минатата недела.

Една работа за која се разговара е дали би можеле да донесете мерка со која би го спречиле Трамп повторно да се кандидира? Кокетираше со идејата да се кандидира повторно во 2024-та. Тоа исто така е долг период. Не знаеме што би се случило, но ова би ја блокирало таа идеја. И тоа е нешто што би можело да е поврзе со отповикувањето, но може и одделно. И тоа е една од работите за кои законодавците се обидуваат да го решат сега, смета Џули Пејс аналитичар во Асошијетед Прес

Аналитичарите велат дека Трамп ја остава Америка во еден вортекс на насилство, болест и смрт, нешто што се нема случено 150 години. А она што ќе го наследи Бајден е загрозена демократија.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Силјановска: Доаѓа времето на жените, време е за машка еманципација

Дејан Дејан

Еден затвореник полесно повреден во инцидент меѓу две групи во затворот во Шуто Оризари

Дејан Дејан

Мицкоски во посета на штабот на Вреди – со Таравари разговарале за агенда и принципи за можно коалицирање

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе