Спорт Формула 1

Имола се враќа во Ф1 календарот за 2021 година

Формула 1 дефинитивно го одложи стартот на Светскиот шампионат и наместо на 21 март со трката за Големата награда на Австралија, првенството ќе се отвори седум дена подоцна со трката во Бахреин.

Покрај натпреварувањето во Мелбурн, која би требало да се одржи на 21 ноември, откажана е и Големата награда на Кина, која требаше да се одржи на 11 април, а причина е ограничувањето за патувања во оваа земја.

Според последната одлука во календарот е вметната трката во Имола која е на програмата на 18 април, а барем во моментов останува празен терминот на втори мај и се шпекулира дека домаќин на трката ќе биде Португалија.

Во ревидираниот календар има 23 трки, а поместувањето на Големата награда на Австралија придонесе да се одреди нов термин за трката во Абу Даби која ќе се одржи една недела подоцна на 12 декември.

 

КАЛЕНДАР ЗА 2021 ГОДИНА

28.03.    БАХРЕИН (Сахир)

18.04.    ИМОЛА (Имола)

02.05.    СЛОБОДЕН ТЕРМИН

09.05.    ШПАНИЈА (Барселона)

23.05.    МОНАКО (Монте Карло)

06.06.    АЗЕРБЕЈЏАН (Баку)

13.06.    КАНАДА (Монтреал)

27.06.    ФРАНЦИЈА (Ле Кастелет)

04.07.    АВСТРИЈА (Шпилберг)

18.07.    ВЕЛИКА БРИТАНИЈА (Силверстон)

01.08.    УНГАРИЈА (Будимпешта)

29.08.    БЕЛГИЈА (Спа)

05.09.    ХОЛАНДИЈА (Зандворт)

12.09.    ИТАЛИЈА (Монца)

26.09.    РУСИЈА (Сочи)

03.10.    СИНГАПУР (Сингапур)

10.10.    ЈАПОНИЈА (Сузука)

24.10.    САД (Остин)

31.10.    МЕКСИКО (Сиудад Мексико)

07.11.    БРАЗИЛ (Сао Паоло)

21.11.    АВСТРАЛИЈА (Мелбурн)

05.12.    САУДИСКА АРАБИЈА (Џеда)

12.12.    АБИ ДАБИ (Јас Марина)

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ФОТО галерија: Бриж по втор пат подобар од ПАОК за пласман во полуфинале

Дејан Дејан

Циципас и Руд се пласираа во четвртфиналето во Барселона

Дејан Дејан

Ѓорческа испадна во 2.коло во Копер, но ќе игра полуфинале во двојки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе