Вести Македонија

Излевање на реките и во тетовскиот регион

Обилните врнежи од дожд предизвикаа зголемување на водостоите на реките и во тетовскиот регион. Поплавени се повеќе земјоделски површини во село Фалише, а излевање на речни води имало и во Порој и Мала Речица, но засега без поголеми материјални штети, информираат од општина Тетово.

Врнежите од дожд предизвикаа и заматување на водата за пиење во тетовскиот водовод, така што надлежните препорачуваат да се користи флаширана вода.

Според Управата за хидрометеоролошки работи во однос на вчерашните податоци се бележи покачување на водостојот на реката Вардар во општина Јегуновце од 114 cm.  Најкритично е во село Раотинце.

Жителите на Раотинце велат дека речните води нагло се зголемиле за само едно деноноќие.

Според УХМР, по Пожаране најмногу наврнат воден талог за изминатите 24 часа има во Тетово, односно 39 л/м2.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Регистриран прв случај на Зика вирусот во Македонија – пациентот се заразил на Малдивите, каде бил каснат од комарец

Sasko Dimovski

Трамп: Мелони ме молеше да се сликаме во Париз – Мелони: Ниту јас, ниту Италија не молиме никого, запамти го тоа

Sasko Dimovski

Хоџа: Работиме на регистар за секој граѓанин да има увид кој капацитет колку загадува, ако не се реализира проектот ќе сносам одговорност

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе