Македонија

Во Пожаране најмногу дожд, на Попова Шапка снег

Најмногу дожд, 20 литри на квадратен метар денеска до 16 часот наврна во Пожаране, по што следат Охрид со 16, Тетово и Демир Капија со по 14, во Струмица наврнаа 13, 12 во Штип, 11 Битола и Берово, 10 Скопје, девет Ѓуриште, шест Крива Паланка и Претор, и три литри на квадратен метар во Прилеп, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Најмногу снег, пак, 42 сантиметри има на Попова Шапка, а само еден сантиметар во Пожаране.

Според најавите од УХМР, времето до крајот на денот ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат во вечерните и ноќните часови, кога повторно ќе се интензивираат.

Врнежите ќе бидат пообилни во западните и северозападните делови.

Во Скопје, во вечерните часови ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе бидат пообилни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски доби притвор

Sasko Dimovski

Починаа седум лица со попреченост поради скратените часови за лична асистенција, велат од Коалицијата „Менуваме“

Sasko Dimovski

Уапсен Бедри Бериша – треба да издржува затворска казна, иако се најде на список за помилување на екс претседателот Пендаровски

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе