Македонија Топ вести

Законите по скратена постапка пракса и годинава

Новогодишните и Божиќните празници за повеќето пратеници се споија во 19 -дневен зимски одмор. Освен две седници на комисии на 5-ти и 12-ти јануари, со по неколкумина пратеници, првата пленарна седница им е закажана дури на 18-ти јануари. Пред нив ќе бидат 51 закон, од кои 19 повторно се закажани по скратена постапка. Меѓу нив се и измените на Законот за здравствена заштита и на Законот за здравстено осигурување. Законот за попис и за Агенцијата за разузнавање, пак, ќе одат со европско знаменце, што значително ја скратува постапката. Оваа постапка го намалува времето за дебата, прескокнува одредени чекори од редовната постапка и се намалува бројот на читања. Затоа и опозицијата реагира на ваквиот начин на донесување на закони.

Владејачкото мнозинство, пак, тврди дека презема вакви чекори за да го спречи блокирањето на законите од страна на опозицијата, поради што дел од законите од минатата година останаа да се донесат годинава.

Има посебни правила по кои закони се разгледуваат по скратена постапка. Предлагачот може да му предложи на Собранието скратено разгледување кога не е во прашање обемен и сложен закон, кога се менуваат само по два-три члена, кога престануваат да важат некои одредби не се во прашање сложени и обемени усогласувања на законот со правото на ЕУ.

Сепак, кај нас 60 отсто од законите поминуваат по скратена постапка.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По повикот од Бугарскиот амбасадор, откажан е најавениот протест за блокада на граничните премини

Дејан Дејан

Се потпишала како градоначалник и одобрила надградба на куќа – пријава за две вработени во општина Струмица

Дејан Дејан

Реакции од здруженијата на приредувачи на игри на среќа на денешната јавна расправа по предлог-законот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе