Спорт Формула 1

Хамилтон спортска личност за 2020 година во Британија

Светскиот првак во формула 1, Луис Хамилтон во изборот на BBC е прогласен за спортска личност на годината во Велика Британија.

Ова е второ признание за Хамилтон откако беше прогласен за најдобар во 2014 година. Второто место му припадна на капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон додека трет е џокејот, Холи Дојл.

Во најтесната конкуренција за првото место беа уште боксерот Тајсон Фјури, репрезентативецот во крикет Стјуарт Брод и еден од најдобрите снукер играчи Рони О’Саливен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Ѓорче Петров убедлив против бранителот на трофејот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Еурофарм Пелистер прв финалист во Купот

Дејан Дејан

Каратистите на клубот „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе