Македонија

Неизвесно гласањето за буџетот и за продолжување на кризната состојба

Владејачкото мнозинство утре ќе се обиде да обезбеди 62 пратеника за да може да се изгласа одлуката за продолжување на кризната состојба за 6 месеци. ВМРО-ДПМНЕ нема да даде подршка затоа што смета дека нема никакви ефекти за функционирање на системот од досегашната кризна состојба. На пленарна седница ќе се расправа и за буџетот за 2021. Гласањето и за него е неизвесно. Најголемата опозициска партија обвинува дека нивните амандмани не биле прифатливи од власта и затоа нема да дадат подршка.

Владејачкото мнозинство е подготвено да работи деноноќно дури и за викендите.

Со илјадници амандмани се блокирани Деловникот и законите кои се однесуваат на пензионирањето. Бокирана е работата и на голем број комисии чии претседатели не ги закажуваат седниците за одредени закони. СДСМ и ДУИ ќе побараат од собранискиот спикер Талат Џафери тој да ги свика комисиите за да може законите да се проследат во натамошна процедура.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дваесетгодишник од Октиси се удавил во Охридско Езеро кај „Машка плажа“

Kristina Kuzmanovski

Андоновски: Подготвуваме „компактен“ закон за ВИ и македонски јазичен модел кој ќе го чува нашиот дигитален идентитет

Mirjana Joveska

МВР: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада

Mirjana Joveska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе