Вести Македонија

Украдените 2 тона обработена марихуана од Јосифово најдени во Арачиново

Во полициска акција во скопско Арачиново вечерва се уапсени неколку лица, а откриена е и марихуаната која со камион беше изнесена од склад за преработка на канабис во Јосифово ноќта во четвртокот.

Извори од полицијата потврдија за Телма дека е најдена украдената марихуана и дека ќе следуваат повеќе информации.

Вечерва во Арачиново повеќе десетици полицајци, меѓу кои и припадници на специјалните и посебните полициски сили, како и инспектори од крим-техника ја реализирале оваа акција.

Инаку марихуаната со тежина од два тона беше украдена од погон за преработка во валандовско Јосифово, во четвртокот наутро. Товарот бил сместен во камион во 200 кутии кој заминал од погонот, а чуварот пријавил дека станува збор за грабеж.

Складот од каде била изнесена марихуаната бил со обезбедување и во дел од селото каде немало поголемо движење на луѓе, а движењето во тој реон и не било дозволено од безбедносни причини. Погонот ги имал сите лиценци за производство на марихуана и преработка за потреби за производство на масло.

Првично полицијата не соопштуваше повеќе детали, а засега нема информации колкумина биле вмешани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Узунов: Секој буџет е нереален во декември кога се носи, на средина на годината мораме да имаме ребаланс

Sasko Dimovski

Митевски: Капиталните и сите други расходи кои не се трансфери и плати ќе бидат опфатени со ребалансот на буџетот

Sasko Dimovski

Ѓорѓиоски и Сејдини одобриле и потпишале 728 налози, се сомничат за финансиски криминал во ФФМ од близу три милиони евра – во шемата и раководителката на Одделението за финансии

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе