Македонија Топ вести

Бучковски ќе мора личните ставови по прашањето со Бугарија, да ги прилагоди на државните

Поранешниот премиер Владо Бучковски како Специјалниот претставник за преговори со Бугарија, всушност е замена за немање македонски амбасадор во Бугарија и ќе биде канал за комуникациија меѓу двете земји. Тој сега како нов неформален амбасадор во Бугарија, сепак нема да се пресели во Софија туку постојано ќе патува дотаму. Вака днеска шефот на дипломатијата Бујар Османи ја дообјасни новата улога која јадоби поранешниот премиер Владо Бучковски. Тој ќе нема ингеренции за преговара во име на земјава и како што рече Османи по вакви прашања за државата ксклузивно право за преговарање има само владат.

Бучковски изминатите денови даваше изјави контрадикторни на позициите кои МНР и на владата ги искажуваа по прашањето со Бугарија – поточно дека за историјата преговараат историчарите и околу барањето за прифаќање на историската вистина на што инсистира Бугарија. Османи на прашњњето дали Владата ги сменила своите позиции или Бучковски ќе треба да ги прилагоди личните на државните позиции одговори:

„Мислам дека е ова второто бидејќи до пред вчера г-динот Бучковски беше професор и слободен граѓанин кој што може да изрази свои ставови, меѓутоа од вчера со одлука на Влада е назначен за Специјален претставник. Инструкциите и ставовите ќе ги добие од МНР и од Владата, што значи дека ќе треба да се прилагоди по однос на ставовите на државата во овој момент“, изјави Бујар Османи, министер за надворешни работи.

Но додека шефот на дипломатија чека Бучковски да ја олесни комуникацијата меѓу двете земји, а очекува и Комисијата за историја која денеска и утре заседава да го потврди неговиот оптимизам дека прашањето за Гоце Делчев може наскоро да се затвори, а се тоа заедно да ја врати загубената доверба дека решението за прашањето со Бугарија се наоѓа е во Договорот за добрососедство , опозицијата му најавува интерпелација.

„Доколку власта бега од собранието и несака да се одѕве на нормалните, демократски покани, да биде гостин и да даде отчет пред пратениците во Комисијата за надворешна политика или на пленарна седница, тогаш ќе биде принудена власта преку интерпелација или доверба на влада да дојдат и да дадат отчет з анивното лошо работење, многу наскоро. Во текот на декември може да очекуваме прашања за доверба на влада и интерпелација за поединечни министри“, информираше Антони Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата одлуката за барање интерпелација, како што информираше Милошоски ќе ја донесе веднаш по завршување на Европскиот самит кој се одржува идната недела.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе