Вести Македонија Топ вести

Бучковски: Решение со Бугарија ќе има, но не значи дека ќе се најде во наредните седум дена

Специјалниот претставник на Владата, поранешниот премиер Владо Бучковски, е убеден дека ќе се надмине спорот со Бугарија но можеби не толку брзо колку што очекува јавноста и со тоа можеби нема да се избегне евентуалното бугарско вето за старт на преговорите со ЕУ.  Шефот на дипломатијата Бујар Османи смета дека со именувањето на Бучковски се испраќа сериозна порака до официјална Софија за посветеноста кон исполнувањето на Договорот за пријателство.

Што конкретно ќе превземе во она малку време што е преостанато пред министерскиот совет, дали и со кого ќе има средби специјалниот претставник Бучковски не открива.  Не ја исклучува можноста од вето, но продолжување на преговорите и евентуално надминување на несогласувањата со Бугарија наредната година. „Немам џокер во ракавот но имам искуство“ вели Бучковски според кого молкот понекогаш е решение.

Бучковски е убеден дека неговото искуство и довербата која ја ужива кај официјална Софија ќе бидат пресудни за придвижување на веќе закочениот процес.

За министерот Османи, нема дилема дека именувањето на Бучковски е истовремено и порака и потврда за намерата за исполнување на Договорот за пријателство. Османи призна дека довербата во Договорот од 2017 година е сериозни разнишана и дека во моментов се работи на тоа прашање.

Од Владата денеска повторија дека т.н. „Патоказ“ е план за динамиката на спроведување на Договорот, надвор од преговарачката рамка.

Во вторник, во Брисел, ќе се одржи состанокот на Советет на министри на кој Македонија или ќе добие датум за старт на преговорите или  вето од Бугарија.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе