Потребна е широка акција за детектирање на заостанатите неексплодирани убиствени средства на линијата каде минувал Македонскиот фронт во Првата светска војна, рече директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути при деншаната посета на локацијата во Битола каде е пронајден досега најголемиот арсенал на гранати на Балканот. На тој начин би се избегнала опасност во каква што се најде Битола, во вој слуачај. За ваква акција заинтересирани се да помогнат и земјите кои учествувале во Првата светска војна, а подршка е потребна и од експерти, вели Максути.
– еднаш засекогаш оваа опасност што демнее под земја на овие простори да ја отстраниме, а не да работиме вака ад хок кога ќе се појави потреба. Тоа е опаснсот која што спие, никогаш не се знае кога може да се случи најлошото, вели Беким Максути, директор на ДЗС
Седум пиротехничари колку што вкупно има во цела држава ДСЗ, во акција која траеше еден месец отстранија над 12 илјади артилериски гранати или 7,5 тони експлозив, а за овој подвиг ќе бидат од Владата наградени со еднократна парична награда од 30 илјади денари. Неексплодираните средства времено се складирани во магацин во старата касарна, а од 15 декември почнува нивното уништивање на полигонот Криволак.
Останува пребарување на теренот бидејќи во ова земјиште што го извадивме очекуваме уште 20-30 парчиња што не сме ги виделе да ги отстраниме. Ова е половина од акцијата, од 15-ти почнуваме со другиот дел кој е покомплексен, уништивање на тие средства, да се ослободи градот Битола од тие средства, вели Ефтим Митров, пиротехничар од ДЗС.
Директорот на ДЗС Беким Максут рече дека веќе се започнати активности за подобрување на статусот на пиротехничарите, а истот така се работи и на обновување на кадарот.
Емилија Мисирлиевски
