Македонија

Потпретседателката на Бугарија тврди: Наша грешка е дека не успеавме доволно да ја објасниме во ЕУ својата позиција

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова, на средбата со амбасадарот на кралството Белгија, Фредерик Морис, го повторила ставот дека не верува дека до крајот на германското претседателство со ЕУ ќе биде надминат проблемот со нерешените прашања со Македонија.

“Нашата грешка е дека не успеавме доволно да им ја објасниме на европските партнери својата национална позиција” – соопшти кабинетот на Јотова, од каде додаваат дека таа посочила дека Бугарија нема да дозволи суверенитетот и националниот идентитет да се градат на грбот на бугарската историја.

Според Јотова, потребно е добро да се познава балканската историја, за да може да се сфати позицијата на нејзината држава.

Потпретседателката на Бугарија пред бугарскиот амбасадор ги претставила и црвените линии формулирани на консултативната средба со претседателот Радев минатата година, рамковната позиција на бугарската влада и декларацијата донесена од Националното собрание, убедувајќи го истовремено дека официјална Софија била најголемиот лобист за членството во ЕУ на балканските земји.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Муцунски следните три дена Германија, Обединетото Кралство и Ирска

Дејан Дејан

(видео)Пожарникари и доброволци во борба со огнот меѓу штипските села Долани и Љуботен, каде гори шума

Дејан Дејан

Адвокатите Феузи Џафери и Артим Ислами во трка за влез во Судскиот совет – трет обид да се избере нов член

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе