Македонија Топ вести

Борисов изненаден од резолуцијата на ЕП за малцинството

Единствена држава, која би сакала да почне преговори за приклучување кон ЕУ со Северна Македонија, дури и повеќе од Германија е Бугарија, но за мене беше големо изненадување што неодамнешната резолуција на Европскиот парламент за Бугарија го покрена прашањето за наводното македонско малцинство во Бугарија, вели бугарскиот претседател Бојко Борисов во интервју за Франкфуртер алгемајне цајтунг.

Во Бугарија нема македонско малцинство. Какво македонско малцинство треба да има во Бугарија? Јас не познавам такво малцинство. Од резолуцијата дознав дека има такво. И со оглед на тоа што бугарските социјалисти во ЕП ја поддржаа резолуцијата очигледно тие исто така сметаат дека такво малцинство живее кај нас. Наместо да водиме позитивна дебата за европскиот пат на Република Северна Македонија, сега се насочуваме кон сосема поинаква дебата. Сакам да напоменам дека навистина ме вознемири насоката во која се развија настаните, изјави Борисов за ФАЦ.

Борисов нагласува дека компромис со Северна Македонија е можен, но вели дека е потребно да се познава историјата.

Бугарските комунисти и Комунистичката интернационала, контролирана од сталинистичка Москва, сакаа од идеолошки причини по Втората светска војна да ги претворат насилно Бугарите во Македонија во Македонци. Бугарите таму беа принудени да се нарекуваат Македонци. Доколку сега во процесот на приклучување кон ЕУ се појават одредени погрешни тврдења и јас не реагирам, моите политички опоненти ќе кажат: Борисов ја продава бугарската историја и подлегнува на притисоците на европските патнери, истакна Борисов во интерјуто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе