Александар Усик триумфираше во мечот против Дерек Чисора и по оваа победа тој си обезбеди дуел за WBO титулата во тешка категорија против Ентони Џошуа.
Усик победи на поени и откако беше далеку подобар боксер во сите 12 рунди на крајот сосема заслужено со едногласна одлука на судиите триумфираше во соочувањето кое решаваше за следниот предизвикувач во мечот за титулата во верзијата на Светската боксерска организација.
За Украинецот ова беше 18-та победа во исто толку појавувања на професионалниот ринг, а триумфот на Чисора му ја донесе Интер-континенталната титула во тешка категорија, прва откако беше доминантен во полутешка каде беше супериорен освојувајќи ги појасите во верзиира на WBA, WBC, IBF и WBO.
