Спорт Фудбал

Грчката влада ја поништи одлуката за враќање на гледачите на натпревари

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ја поништи вчерашната одлука на здравствените власти да дозволи присуство на навивачи на фудбалските натпревари.

Мицотакис поништувањето на одлуката го образложи со фактот дека на тој начин се испраќа погрешна порака до луѓето дека епидемиолошката ситуација во земјата е стабилна и дека ова е погрешна одлука бидејќи во моментов се разгледуваат опции за порестриктивни мерки, а се со цел да се спречи неконтролираното ширење на вирусот.

Според вчерашната одлука требаше да се дозволи присуство на максимум 3.500 гледачи, но откако владата ја поништи мечевите во европските клупски натпреварувања  Олимпијакос – Марсеј и ПАОК – Омонија ќе се играат пред празни трибини, а истото важи и за дуелите во домашниот шампионат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе