Извршниот одбор на компанијата ECA која раководи со кошаркарската Евролига донесе одлука за нови правила со кои се решаваат проблемите со евентуалните позитивни случаи на Ковид-19 во клубовите.
Според досегашните регулативи на екипите им беа потребни минимум осум кошаркари за да се одигра еден натпревар. Во спротивно натпреварот би се регистрирал со службен резултат за противникот.
Со измената на ова правило сите натпревари кои се одложени поради позитивни случаи на Ковид-19 ќе се одиграат во дополнително одреден термин.
Се превидува еден меч да биде одлаган најмногу три пати, а доколку натпреварот на крајот не може да се одигра ќе биде регистриран со службен резултат.
Дополнителни термини ќе се бараат за дуелите Асвел – Панатинаикос, Басконија – Зенит, Валенсија – Зенит и Асвел – Црвена Звезда, а истото важи и за мечевите во Еврокупот, Цедевита Олимпија – Бурса, Венеција – Бурж и Бург – Уникс.
Евролигата реши да го задржи правилото дека натпреварите нема да се одлагаат се додека екипите на располагање имаат најмалку осум регистрирани кошаркари.