Во пресрет на почетокот на финалната серија, НБА лигата ги објави податоците од продажбата на дресови и сувенири.
Прв на листата чиј дрес е најомилен меѓу навивачите е првата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, ЛеБрон Џејмс. Веднаш зад него е најкорисниот играч во првиот дел од сезоната Јанис Адетокумбо, а на третата позиција е Стеф Кари од Голден Стејт.
Џејсон Тејтум е на четвртото место, Џејмс Харден е петти, а Лука Дончиќ се најде на шестата позиција. Листата од десет најпопуларни играчи според продажбата на дресови се Каваи Ленард, Ентони Дејвис. Џоел Ембид и Кајри Ирвинг.
Најпопуларен меѓу тимовите кои продаваат најголем број на сувенири е Лос Анџелес Лејкерс. Бостон е втор, а меѓу првите пет се Филаделфија, Торонто и Милвоки.
Финалистот во разигрувањето за титулата Мајами се најде на деветтата позиција.