Спорт Фудбал

ТРИЧКОВСКИ И РИСТЕВСКИ НЕ СЕ ВО КОМБИНАЦИЈА ЗА ГРУЗИЈА

На тренинг центарот на ФФМ „Петар Милошевски“, сениорите  го  оддржа последниот тренинг пред утрешното патување за Грузија. Селекторот Игор Ангеловски, им даде поштеда на  репрезентативците кои го одиграа вчерашниот натпревар против Ерменија на кој победивме со 2:1 на стартот од  новото издание од Лига на нации.За мечот со Грузија,Ангеловски нема да смета на повредените Иван Тричковски и Кире Ристевски.Напаѓачот Тричковски има поголем хематом на левата надколеница,додека дефанзивецот Ристевски има истегнување и хематом на адукторот на десниот бут.Натпреварот меѓу Грузија и Македонија од 2. коло во групата Ц од Лига на нации се игра на 8. септември во Тбилиси.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе