Спорт Фудбал

Меси со завршен притисок кон претседателот Бартомеу

Кризата во Барселона се продлабочи со барањето на првата ѕвезда во екипата да го раскине договорот и да ја смени средината.

Потегот на Меси може да се толкува на повеќе начини, но се чини дека вистинскиот е дека Аргентинецот кој на Ноу Камп е веќе две децении нема намера да си оди туку сака да изврши притисок за комплетна реконструкција на раководството на клубот, а не најавеното целосно реновирање на екипата.

На синоќешниот состанок голем дел од бордот на директори си поднеле оставка, а се појави вест дека и претседателот Жозеп Марија Бартомеу се повлекол од функцијата, но подоцна таа беше демантирана. Во меѓувреме пред Ноу Камп почнаа да се собираат навивачите на клубот кои бараат од нивниот миленик да остане, а да си замнине претседателот кој е посочен како главен виновник за целата ситуација.

Барањето на Меси за раскин на договорот е кулминација на неколку месечното нетрпение кое владее меѓу играчите и раководството, а кое почна со смената на тренерот Ернесто Валверде, а како капак дојде дебаклот во четврт-финалето од Лигата на шампионите против Баерн.

Меси е незадоволен од начинот на кој новиот тренер комуницира со играчите и соопштувањето на неговите планови за во иднина. Некои медиуми пренесуваат дека Куман наводно на Аргентинецот во разговорот му рекол дека од овој момент завршуваат сите негови привилегии и дека тој во целост треба да му се прилагоди на тимот.

Ноќта во Барселона беше бурна, но се очекува бурата да кулминира во следниве денови, а каков ќе биде епилогот останува да се види, но добрите познавачи на приликите веруваат дека Меси ќе биде победникот и дека раководството целосно ќе се повлече, а можеби Куман ќе го има најкусиот престој во еден клуб во својата кариера.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе