Денвер успеа да ја совлада Јута и да ја намали предноста на противникот на 3:2, а Лос Анџелес Клиперс го декласираше Далас и ја забележа третата победа во серијата подобар од седум.
И покрај предноста на противникот од 15 поени, Денвер успеа да забележи победа од 117:107 во дуелот против Јута. Прва ѕвезда на мечот беше Џамал Мареј кој забележа 42 поени, осум асистенции и осум скока. Никола Јокиќ додаде 31 поен и осум додавања, а Мајкл Портер беше стрелец на 15 поени. Во поразениот тим Донован Мичел мечот го заврши со 30 поени и пет асистенции.
Лос Анџелес Клиперс триумфираше над Далас со 154:111 и поведе со 3:2. Каваи Ленард имаше учинок од 32 поени и 7 освоени топки под обрачите, Пол Џорџ беше стрелец на 35 поени, а Монтерзл Херис додаде 19 поени и 11 скока. На спротивната страна Лука Дончиќ впиша 22 поени и осум скока.