Јанис Адетокумбо е прогласен за најдобар дефанзивец во првиот дел од сезоната во НБА лигата. За ѕвездата на Милвоки гласале 75 од вкупно 100 новинари кои му доделија 435 поени што е скоро двојно повеќе од крилот на Лос Анџелес Лејкерс, Антони Дејвис додека трет со 187 поени е центарот на Јута, Руди Гобер.
Адетокумбо во првиот дел од натпреварувањето имаше учинок од 13,7 скока од 11 биле во одбрана, а во просек по натпревар имаше по една блокада и украдена топка.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.