Ракомет Спорт

Стоилов позитивен на Ковид-19: Целиот тим на Вардар повторно тестиран

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов е позитивен на Ковид-19. Целиот тим на Вардар веднаш се тестираше и се чекаат резултатите дали има и други ракометари со коронавирус. Пикерот се чувствува добро и нема симптоми.

Од таборот на Вардар се надеваат дека вирусот не се проширил меѓу останатите ракометари, бидејќи така би било доведено во опасност одигрувањето на натпреварот против Нексе во СЕХА. За четири дена регионалниот и европскиот шампион треба да го пречека хрватскиот тим во борба за пласман на завршниот турнир во Задар. На првата средба одиграна во март, пред прекинот на сезоната поради Ковид-19, Вардар славеше во Нашице со 31-30.

Целиот тим на Вардар повторно е тестиран на вирусот, а денеска треба да бидат објавени и резултатите. Клубот веднаш ги информирал луѓето од СЕХА-лига за случајот на Стоилов, но и тимовите со кои играше пријателски натпревари изминатиот период.

Вардар претходно два пати се тестираше за Ковид-19, еднаш на стартот на подготовките и вториот пат пред почетокот на турнирот во Струга и тогаш немаше ниту еден позитивен случај.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО: Ангелов голот против Гостивар го посвети на трагично починатиот Андреј Лазаров

Дејан Дејан

ФФМ нема да дозволи уцени и притисоци

Дејан Дејан

ФОТО: Кога Гостивар почна да губи го напушти теренот на натпреварот со Работнички

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе