На ракометниот турнир во Струга на кој поради пандемијата настапуваат само екипи од Македонија денеска на програмата се натпреварите од последното коло во фазата по групи.
Во последните мечеви водечките екипи во А и Б конкуренцијата, Вардар и Еурофарм Пелистер со победи ќе го потврдат првото место и утре во големото финале ќе се борат за трофејот на 48-то издание на турнирот.
Во првиот дуел од денешната програма во 17 часот и 15 минути Охрид за противник го има вториот состав на Еурофарм Пелистер. За 19 и 15 закажан е почетокот на натпреварот во првиот тим од Битола ќе се соочи со домаќинот Струга и со триумф ќа ја обезбеди првата позиција додека од 21 и 15 почнува мечот Вардар – Бутел Скопје во кој актуелниот европски, македонски и регионален првак е фаворит и со победа ќе обезбеди пласман во утрешното финале.
РАКОМЕТЕН ТУРНИР – СТРУГА 2020
РАСПОРЕД ЗА САБОТА 15.08.
А ГРУПА
17:15 часот ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
21:15 часот ВАРДАР – БУТЕЛ СКОПЈЕ
ТАБЕЛА
- ВАРДАР 4
- БУТЕЛ СКОПЈЕ 2
- ОХРИД 2
- ЕУРОФАРМ П. 2 0
Б ГРУПА
17:15 часот СТРУГА – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
ТАБЕЛА
- ЕУРОФАРМ П. 4
- МЕТАЛУРГ 2
- ПРИЛЕП 2
- СТРУГА 0