Спорт Фудбал

Манчестер Јунајтед фаворит во дуелот со Копенхаген

Данскиот вицепрвак Копенхаген оваа сезона по четврти пат во тридецениската клупска историја е дел од елиминациската фаза во некое од двете европски клупски натпреварувања. Копенхаген со елиминацијата на Башакшехир се пласираше во четврт-финалето од Лига Европа и тоа е најголемиот успех во историјата.

До сега два пати бил дел од елиминациските рунди во второто по ранг натпреварување, а еднаш играше и во шеснаестина финалето од Лигата на шампионите. Данците имаат можност влезат меѓу четирите најдобри во Лига Европа, но задачата ќе биде тешка бидејќи противник им е еден од фаворитите за трофејот Манчестер Јунајтед, а дополнителен проблем за тренерот Стале Солбакен е фактот дека не може да смета на четири играчи.

Поради суспензија нема право да игра Уругваецот, Мајкл Сантос додека поради повреди надвор од конкуренција се Исланѓанецот, Рагнар Сигурдсон, Ерик Фишер и Николај Томсен.

Манчестер Јунајтед ќе се обиде по втор пат во историјата да влезе во полуфиналето на Лига Европа, а за тимот од Олд Трафорд ова е 24-ти настап во едно четврт-финале во било кое натпреварување на Стариот континент и само седум пати не успеал да ја мине пречката пред влез меѓу четирите најдобри.

Составот на Оле Гунар Солшер од продолжението на сезоната одиграл 12 натпревари во кои има само еден пораз и четири нерешени резултати. Норвежанецот на клупата на Јунајтед нема поголеми проблеми со составувањето на тимот бидејќи во моментов не може да смета само на повредениот Фил Џонс.

Инаку двата тима одиграле два дуели и тоа пред 13 години во шампионската лига и имаат по една победа и пораз.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реис потпиша за Манчестер сити, следен е Мармуш

Дејан Дејан

Ливерпул сака да остане перфектен, Барселона има незгодно гостување во Лисабон

Дејан Дејан

Почнува главниот предизвик за Македонија на СП 2025: Прв ривал е Австрија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе