Спорт Фудбал

Лига Европа за спас на сезоната за Интер

По девет години Интер конечно има можност да влезе во полуфинале на едно клупско натпреварување на Стариот континент.

Екипата од Џузепе Меаца последен пат настап во четврт-финалето бележи во 2011 година кога во Лигата на шампионите како бранител на трофејот беше елиминиран од Шалке.

Иако Интер сезонава влезе со амбиција за висок дострел во елитното натпреварување триумфот во Лига Европа може да биде утеха за тимот на Антонио Конте кој остана без трофеј на домашната сцена.

Од друга страна Баер практично ќе игра на домашен терен бидејќи Диселдорф од Леверкузен е оддалечен само 37 километри, но со оглед на фактот дека натпреварот се игра без публика тоа и не е некоја голема предност.

Баерн на настап во четврт-финалето чека 12 години кога на два пати едно по друго беше дел од оваа фаза во Купот на УЕФА, натпреварување во кое има трофеј од 1988-та.

Интер во овој дуел влегува со само еден пораз од продолжението на сезоната додека нема некој импресивен скор од враќањето на теренот по паузата.

Конте на овој меч на располагање ги има сите фудбалери додека неговиот колега од спротивната страна Петер Бош не може да смета на Надием Емири кој е во изолација и на суспендираниот Чарлс Арангуиз додека неизвесен е настапот на Карим Белараби.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Џорџ Форман, еден од најдобрите боксери на сите времиња

Дејан Дејан

Македонија сигурна против Лихтенштајн: Рутинска победа на гостински терен

Дејан Дејан

Милевски: Добро би било да почнеме со победа и да ја продолжиме добрата серија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе