Во пресрет на продолжението на сезоната во Лигата на шампионите и дуелот против Лајпциг што ќе се одигра на 13 овој месец, мадридски Атлетико се соочува со големи проблеми.
Шпанскиот клуб потврди дека по последното тестирање два резултати се позитивни на Ковид 19, но нема информација дали станува збор за фудбалери, членови на стручниот штаб или помошниот персонал.
Од клубот соопштија дека заразените се во изолација, а денеска треба да се направи уште едно тестирање по што ќе се знае и дефинитивниот список на патници за Лисабон.