Спорт

Мото ГП: Зарко на пол позиција во Брно

Жоан Зарко беше најбрз во квалификациите  за третата трка сезонава во најсилната класа од СП во мотоциклизам.Пилот на Авинтија Дукати успеа да освои пол позиција,петта во кариерата, со резултат   1.55.687 возејки преку 315 километри на час на стартно-целната рамнина во Брно, побрзо за 10 километри од  второпласираниот Фабио Квартараро ,победникот на претходни две трки во Херез.Квартараро беше за 8 илјадитинки подобар  од клупскиот колега во Петронас Јамаха,Франко Морбидели.Одличен резултат оствари Алеш Еспаргаро на Априлија како 4-ти, пред првата фабричка Јамаха управувана од Маверик Вињалес.КТМ со Пол Еспаргаро и Бред Биндер ги освои следните две позиции.Валентино Роси финишираше на 10.место.Светскиот првак Марк Маркез поради втората операција на повредената рака го пропушта викендот во Чешка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе