Прославениот италијански фудбалер Андреа Пирло е нов тренер на Јувентус.Шампионот на Серија А експресно реагираше после вчерашната елиминацијата од Лион во осминафиналниот двомеч во Европа.Старата Дама денеска му врачи отказ на Маурицио Сари и го прекомандува Пирло од лидер на тимот до 23 години до тренер на првата екипа.Пред осум дена на промоцијата на Андреа Пирло во менаџерскста постава кај Јувентус,Андреа Ањели изјави:
Денеска почнува нова епизода во неговата кариера, Маестро ќе биде Мистер.
Легендарниот фудбалер за врска на Милан и на Јувентус,освојувач на СП со Италија во 2006 потпиша договор со гигантот од Торино до јуни 2022,што е негов прв ангажман како тренер.
