Втора пол позиција сезонава,13 во кариерата на Валтери Ботас.Финецот беше најбрз на квалификациите за петтата трка од сезоната што ќе се вози утре на британскиот автодром Силверстон,каде пред 70 години се одржа првиот Гран При викенд во историјата на Формула 1.Ботас беше за нецела десетинка побрз од актуелниот светски првак Луис Хамилтон а зад тандемот на Мерцедес кој беше класа за себе на квалификациите,изненади Нико Хулкенберг.Замената за инфицираниот со Ковид 19 Серхио Перез ,успеа да стигне до трето место пред Макс Ферстапен од Ред Бул.Даниел Рикардо во болидот на Рено и клупскиот колега на Хулкенберг,Ленс Строл го пополнија третиот стартен ред.Во најдобрите 10 влегоа уште Пјер Гасли од Алфа Таури,Шарл Леклер на Ферари,Александар Албон од Ред Бул и Ландо Норис со Мекларен.
Ботас на пол позиција во Силверстон,1-2 за Мерцедес во квалификациите
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.