Македонија Најважни

Телма ексклузивно ги објавува фирмите чии газди минималецот од државата си го ставиле во џеб

Градежната фирма Викторија инвест од Елбасан Алабанија добила над 10.000 евра од државата за исплата на минималец од 14.500 денари за 86 вработени, но на работницие не им исплатила ниту денар. Жито Вардар Груп од Велес добила речиси 3.700 евра за 17 вработени, но на нивните сметки не легнал ни денар. А 15 вработени во компанијата Изи холдинг од Струга не виделе ниту денар од 3.400 евра кои нивниот газда ги добил од државата за да им исплати плата.

Телма ексклузивно ја објавува листата на компании на кои им се закануваат и кривични пријави за злоупотреба на државни пари. Ги има од речиси сите сектори, градежништво, трговија, угостителство-на број 229. Тука се и Албезе Инг од Боговиње, градежна фирма, која не ги исплатила 14-те вработени иако добила 2,600 евра од државата за нивните плати.  Исто како и  Еуро Тех од Тетово, фирма за производство на облека која 2.300 евра од државата за 16-те вработени си ги задржала за себе.

Стои дека 679 вработени не добиле ниту денар од 120-те илјади евра кои им ги дала државата на нивните газди за нив.

Од владата велат дека по бурните  реакции во јавноста, дел почнале да ги исплатуваат платите на вработените, па и бројот на фирми се намалил. Генералниот секретаријат ќе бара од Обвинителството кривично да ги гони газдите. Па така покрај тоа што ќе ги вратат парите за плати кои ги зедоа од државата и тоа со камати, ќе заработат и парични казни, а може да завршат и во затвор од 1 до 10 години.

Ги чекаме податоците од УЈП по што јавно ќе ги објавиме имињата на компаните кои не ги исплатиле платите на работниците кои ги добија од државата. Ќе побараме од Обвинителството покренување на постапка за утвдување на кривична одговорност против одговорните лица во комапниите, изјави за Телма Рашковски.

Но, работниците за сега ќе останат со кратки ракави. Платите кои им ги присвоиле газдите, ќе можат да ги добијат дури кога ќе завршат судските постапки. За сега не се планира некаква владина интервенција.

Преку судски спор. Судот со пресуда ќе им наложи да им ги исплатат, изјави Рашковски.

И според професорката Мирајна Најчевска, многу тешко рабоптниците ќе додат до своите плати. Има три можности, но ниту една не е реално можна во моментов. Првата е после добиениот кривичен спор работниците самите да покренат граѓанска постапка и да си ги барата парите. Втора е Владата во оставка да донесе нова уредба со која парите кои ќе ги повлече ќе ги префрли директно на работниците, но и таа е тешко изводлива.

Околу 80 милиони евра добија газдите за три месеци да исплатуваат минималец од 14.500 денари за работниците. Иако синдикатите реагираа дека е подобро парите државата директно да ги префрла на сметките на работниците, сепак Владата одлучи парите да легнат на сметките на компаниите, кои потоа да ги префрлат на вработените. По информацитедека има злоупотреби со дравната помош, ќестоко реагираа синдикатите и експертската јавност. Побараа кривична одговорност за газдите, но и парите наместо во државната каса, да завршат кај работниците.

Целата листа може да ја погледнете тука.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

36 актуелни пратеници на новите листи на ВМРО – ДПМНЕ, Мицковски потврден од ИО и ЦК да води во едница- Извисија новите колициони партнери Богојевски, Трајанов и Ангелов за пратенички кандидати

Дејан Дејан

Димитриеска Кочоска: Линеарното покачување на пензиите не е собирање гласови

Дејан Дејан

Со само еден глас против, Села оди во коалиција со Ахмети

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе