Во Ракометната федерација на Македонија денеска беше извршена ждрепката за групите во машката Суперлига за новата сезона. Ќе се игра во нов формат поради проширувањето на лигата предизвикано од предвремениот крај на минатата сезона поради коронавирусот.мгс+тон ракомет суперлига групи
Во рамки на Групата А се најде носителот Охрид, кој за ривали ги доби локалниот ривал Струга, Јуниор Кисела Вода, Астраион Хендбол, Голден Арт КЛ7, Радовиш и Пролет. Вториот носител Металург ќе игра во рамки на групата Б заедно со Бутел, Прилеп, Работнички, Младост Богданци,Тиквеш и Еурофарм Пелистер 2.
Сезоната ќе започне на 12 септември, а регуларниот дел од сезоната ќе трае до 20 декември. Потоа според новиот формат на натпреварувањето ќе бидат формирани плејоф и плејату групи. Во разигрувањето за титулата ќе се пласираат првите три екипи од групите А и Б, па заедно со Вардар и Еурофарм Пелистер, кои го прескокнуваат првиот дел поради настап во СЕХА-лигата, ќе ја формираат плејоф групата. Победникот ќе го освои првенството и заедно со второпласираната екипа следната сезона ќе игра во СЕХА. Нормално ќе се добијат и останатите учесници во европските купови на ЕХФ.
Во плејаутот ќе играат тимовите кои ќе завршат од четвртото до седмото место на табелата во групите а и б. Најдобриот тим во плејатутот обезбедува опстанок во Суперлигата, додека второпласираната екипа ќе игра бараж против најдобриот тим од Првата лига за пополнување на елитата за сезоната 2021/2022, која повторно ќе брои 10 екипи.