Спорт Формула 1

Нирбургринг и Имола се враќаат во Формула 1

Челниците на Формула 1 го обновија сезонскиот календар со три нови трки, кои ќе се одржат во октомври и повторно во Европа.

На 11 октомври ќе се вози во Германија на легендарната патека „Нирбургринг“. Потоа Формула 1 оди во Португалија на патеката „Алгарве“ во Портимао на 25 октомври, додека последниот викенд од овој месец ќе биде резервиран за трка во Имола на легендарната патека „Енцо и Дино Ферари“.

Португалија ќе биде домаќин на Ф1 трка за прв пат по 1996 година, а последните трки на „Нирбургринг“ и во Имола се одржаа во 2013, односно 2006 година.

Ова значи дека календарот се зголеми на вкупно 13 трки, од кои три веќе завршија. Формула 1 информираше дека сезонава дефинитивно нема да се вози во Северна и Јужна Америка поради тешката ситуација со ковид-19 на овие континенти. Тоа значи дека отпаѓаат трките во Бразил, Мексико, САД и Канада.

Формула 1 очекува ревидираниот календар за оваа сезона да се состои од 15 до 18 трки, а финалето сигурно ќе биде на Блискиот Исток, но засега не се знае точно каде. Следната трка е на 2 август за големата награда на Велика Британија на патеката „Силверстоун“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Џорџ Форман, еден од најдобрите боксери на сите времиња

Дејан Дејан

Македонија сигурна против Лихтенштајн: Рутинска победа на гостински терен

Дејан Дејан

Милевски: Добро би било да почнеме со победа и да ја продолжиме добрата серија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе