Кошарка Спорт

КФСМ го објави протоколот за тренинг и натпревари

Кошаркарите денеска го добија протоколот за тренинг и одржување натпревари во сала. Според истиот, ќе има само едно задолжително тестирање на Ковид-19 и тоа пред почетокот на сезоната.

Во протоколот на ракометарите и кошаркарите речиси и да нема никакви разлики со оглед на фактот дека се работи за слични спортови. Тренажниот процес пред почетокот на првенството треба да се одвива во три фази. Во првите три дена кошаркарите смеат да тренираат во сала само индивидуално без физички контакт. Потоа дозволени се тренинзи во мали групи, не поголеми од пет играчи истовремено во следните седум дена, а дури потоа тимовите ќе можат да тренираат колективно.

При влегувањето на секој кошаркар во сала треба да му биде измерена телесната температура, а доколку е од 36 до 37 тој ќе може да влезе во истата. Сите кошаркари треба да имаат своја опрема за тренинг, која ќе можат да ја перат дома, а не во просториите на клубот. Доаѓањето на тренинзи и на натпревари, препорачливо е играчите да доаѓаат индивидуално со автомобил, а доколку тоа биде со автобус, играчите постојано ќе мора да носат заштитна маска и да седат оддалечени на 1,5 метар. Кошаркарите нема да смеат да ја употребуваат соблекувалната за време на тренинг и натпревар, па треба да доаѓаат подготвени во полна опрема. Иако кошарката е спорт со доста контакти помеѓу играчите, според препораките треба да се избегнува физички конакт како ракување или гушкање.

Очекувано сите натпревари кога ќе почне сезоната ќе се играат без публика, а тимовите ќе мора да доѓаат во различен термин. Клубовите ќе имаат само едно задолжително тестирање на COVID-19, кое треба да се изврши најдоцна 72 часа пред почетокот на сезоната, a по потреба и дополнително.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Марко Трајановски – европски шампион во ММА борби

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Градски за лидерско место на табелата

Дејан Дејан

Јута им се одмазди на Лејкерс, Џамал Мареј со натпревар на кариерата за Денвер (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе