Ракомет Спорт

Вардар сезоната ја отвора против Мешков Брест

Европската ракометна федерација го објави распоредот на натпреварите во првата фаза од Лигата на шампионите. Сезоната почнува на 16 септември, а во првото коло Вардар за противник го има Мешков Брест.

Првиот натпревар во новата сезона “црвено црните” во Скопје го играат против Елверум, а во третото коло му гостуваат на Пик Сегед. Во четвртата рунда избраниците на Стевче Алушовски за противник го имаат Флензбург.

Во петтото коло во Јане Сандански гостува Порто додека во шестото Вардар патува за Франција на меч со Пари Сен Жермен. Во последната рунда од првиот круг нашиот единствен претставник во елитното европско клупско ракометно натпреварување го пречекува Киелце.

Со утврдувањето на новиот формат на Лигата на шампионите натпреварите ќе се играат в среда и четврток во термините од 18 часот и 45 минути и 20 и 45. ЕХФ најави дека дополнително ќе ја утврди саатницата и распоредот на мечевите во секое коло.

 

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ – А ГРУПА

1. КОЛО
Мешков Брест – ВАРДАР
Пик Сегед – ПСЖ
Елверум – Порто
Флензбург – Киелце

2. КОЛО
ВАРДАР – Елверум
ПСЖ – Флензбург
Киелце – Пик Сегед
Порто – Мешков Брест

3. КОЛО
Пик Сегед – ВАРДАР
Мешков Брест – ПСЖ
Елверум – Киелце
Флензбург – Порто

4. КОЛО
ВАРДАР – Флензбург
ПСЖ – Елверум
Киелце – Мешков Брест
Порто – Пик Сегед

5. КОЛО
ВАРДАР – Порто
Киелце – ПСЖ
Мешков Брест – Пик Сегед
Флензбург – Елверум

6. КОЛО
ПСЖ – ВАРДАР
Порто – Киелце
Пик Сегед – Флензбург
Елверум – Мешков Брест

7. КОЛО
ВАРДАР – Киелце
Порто – ПСЖ
Елверум – Пик Сегед
Флензбург – Мешков Брест

8. КОЛО
Киелце – ВАРДАР
ПСЖ – Порто
Пик Сегед – Елверум
Мешков Брест – Флензбург

9. КОЛО
Порто – ВАРДАР
ПСЖ – Киелце
Флензбург – Пик Сегед
Мешков Брест – Елверум

10. КОЛО
ВАРДАР – ПСЖ
Киелце – Порто
Пик Сегед – Мешков Брест
Елверум – Флензбург

11. КОЛО
Флензбург – ВАРДАР
Елверум – ПСЖ
Мешков Брест – Киелце
Пик Сегед – Порто

12. КОЛО
ВАРДАР – Пик Сегед
ПСЖ – Мешков Брест
Киелце – Елверум
Порто – Флензбург

13. КОЛО
Елверум – ВАРДАР
Флензбург – ПСЖ
Пик Сегед – Киелце
Мешков Брест – Порто

14. КОЛО
ВАРДАР – Мешков Брест
ПСЖ – Пик Сегед
Порто – Елверум
Киелце – Флензбург

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иџе славеше во Германија: Прва победа во Ферари сезонава

Desk

Победи на Англија и Холандија, бод за Словенија и Данска

Дејан Дејан

УЕФА отвори дисциплинска постапка против Албанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе