Вести Македонија

Насилниците што претепаа девојче во влез пуштени на слобода

Под итно и по скратена постапка да се промени законот  бараат невладината ЕХО и  бранителката на 22 годишната девојка која во јануари беше брутално претепана, а двајцата насилници го снимаа своето дело на мобилен телефон. Тие деновиве излегле од кумановскиот затвор и на слобода ќе бидат до септември. Адвокатката Билјана Андонова вели дека ова ја покажува слабоста на законот.

  • Ние како правен тим и здружение ЕХО ќе бараме од државата во законите целосно да се имплементира Истанбулската конвенција за заштита од насилство. Овој предмет изнесе една очигледна слабост, што ние ќе бараме да се промени, вели Билјана Андонова адвокат на жртвата

Штипска Апелација ја потврди пресудата на Основниот суд, со што двајцата насилници треба да поминат во затвор две години и шест месеци. Обвинителство од вторстепениот суд барал повисоки казни, а додека бранителот помали, но апелација на 25 јуни ја потврдува пресудата на првостепениот суд. Поради владината уредба со која отслужувањето на казната затвор до три години се одлага до септември, правниот тим на девојката стравува дека момчињата може да ја загрозат безбедноста на жртвата. Правниот тим на жртвата вели дека Постои и дополнителна мерка за заштита односно насилноците не смеаат да и се приближат на девојката најмлаку уште една година. Адвокатот пак на момчињата смета дека тие не би се заканувале, бидејќи со тоа би направиле ново кривично дело.

Казната затвор од две години и шест месеци им беше изречена на крајот од април, јавноста и невладиниот сектор го осудија нивниот чин.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе