Спорт Формула 1

ПОБЕДА НА БОТАС,ПРВ ПОДИУМ ЗА НОРИС

Сезоната 2020 во Формула 1 почна со триумф на Ботас,прв подиум во кариерата на Ландо Норис,но и много откажувања на патеката во Шпилберг.Финецот во Мерцедес имаше перфектен викенд  во Австрија и после стартот од пол позиција во ниту еден момент не ја испушти првата позиција за осми триумф во кариерата.Развојот на трката од 71 круг,овозможи 2.место за Шарл Леклер откако Ферари имаше катастрофални квалификации а неочекувано на подиумот се најде и Ландо Норис од Мекларен што е негов прв топ 3 пласман  во Ф1.Светскиот шампион Луис Хамилтон доби две казни.Првата од три позиции на стартот поради непочитување на жолто знаме во квалифиакции,втората казна од  5 секунди поради инцидентот со Албон што го чинеше  британецот  пад од две места и финална 4-та позиција иако ја мина целта зад победникот Ботас.Без бодови останаа конкурентните  пилоти  на Ред Бул.Макс Верстапен се повлече поради механички проблем на болидот,Александар Албон после контактот со Хамилтон во 61 круг.За разлика од ланското издание на ГН на Австрија што мина без ниту едно откажување,денеска  трката ја завршија 11 од 20 возачи.Шпилберг веќе следната недела  ќе биде место и за вториот натпревар од  ревидираниот календар за 2020 поради пандемијата на Ковид 19.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Џорџ Форман, еден од најдобрите боксери на сите времиња

Дејан Дејан

Македонија сигурна против Лихтенштајн: Рутинска победа на гостински терен

Дејан Дејан

Милевски: Добро би било да почнеме со победа и да ја продолжиме добрата серија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе