Јувентус со убедливи 4-1 против Торино ги освои бодовите на пат кон одбрана на титулата во Италија.Во стартниот состав на Бјанко-нерите беше ветеранот Џиџи Буфон.42 годишниот голман кој неодамна го продолжи договорот со Јувентус за уште една сезона, го забележа рекордниот 648 настап во Серија А ,еден повеќе од Паоло Малдини.Јувентус поведе со 2-0 веќе по половина час игра.Дибала во 2. минута се поигра со одбраната на гостите.Квадрадо во 29-та, го матираше Сиригу.Надеж за Торино беше голот на Белоти од пенал во финишот на првото полувреме.Кристијано Роналдо го врати Јувентус во комотна зона во 61-та со прецизен шут од 25 метри, што е прв гол на португалецот од слободен удар откако го носи дресот на Италијанскиот првак или после 43 неуспешни обиди.Во финишот,несреќната интревенција на Џиџи,дефанзивецот на Торино ги постави финалните 4-1 за Јувентус.
ДЕРБИТО ЗА ЈУВЕНТУС,РЕКОРД НА БУФОН
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.