На една недела пред продолжението на сезоната во Американската фудбалска лига објавено е дека по последното тестирање четири играчи имаат позитивен наод со што вкупната бројка се зголеми на 30 од кои 24 се фудбалери, а шестмина се членови на помошниот персонал.
Во текот на изминативе два дена направени се вкупно 392 теста во кој беа вклучени сите играчи, тренери и помошен персонал кои се сместени во еден ресорт во близина на Дизни Ворлд во Орландо.
Резултатите од последното тестирање барем до овој момент нема да влијаат врз одлуката сезоната да продолжи на осми јули. Дваесет и шесте екипи ќе бидат поделени во шест групи и за 16 дена треба да одиграат по три натпревари, а двете прво пласирани како и четирите најдобри освојувачи на третата позиција продолжуваат во разигрувањето за титулата.
Според календарот сезоната во САД треба да заврши на 11 август, а сите дуели ќе се играат без присуство на гледачи.