Вардар денеска по 18 часот ќе ги дознае своите противници во групната фаза во Лигата на шампиони за следната сезона. Нашиот тим ќе биде носител во ждрепката откако се најде меѓу четирите главни фаворити, односно во првиот квалитативен барабан.
Вардар, ПСЖ, Веспрем и Барселона се дел од првиот барабан. Кил, Кјелце, Алборг и Порто го сочинуваат вториот барабан. Мешков Брест, Мотор Запорожје, Пик Сегед и Нант на македонскиот капитен Кире Лазаров се во третиот барабан. Најслабата конкуренција ја сочинуваат Целје, Загреб, Елверум и Фленсбург.
Од секој барабан ќе бидат извлечени по два тима во Групата А и по два во Групата Б. Ждрепката ќе биде полудиригирана, бидејќи во иста група не можат да играат тимови од Франција, Германија и Унгарија.
Европската елита од следната сезона ќе се натпреварува по нов систем, а ќе учествуваат само 16 тимови, односно две групи од по осум тима.
По 14-те кола во групата фаза, најдобрите две екипи од двете групи директно ќе се пласираат во четвртфиналето, додека екипите кои ќе финишираат од третото до шестото место ќе играат плеј-оф за пласман помеѓу најдобрите осум. Последните две екипи во групите А и Б, ги завршуваат настапите.