Спорт Фудбал

Лестер и Кристал Палас ќе играат на неутрален терен

По одлуката на здравствените власти за примена на ригорозни мерки во справување со ширењето на епидемијата во областа Источен Мидленд, Лестер предлага дуелот против Кристал Палас што треба да се игра кон крајот на неделава да се одложи или пак да се игра на неутрален терен.

Поради ширењето на епидемијата донесена е одлука за затворање на сите продавници и училишта, а се предвидува и ограничено движење во целиот регион и поради тоа отежната е целата организација на натпреварот.

Во текот на денот се очекува состанок на челниците на Премиер лигата по што ќе биде позната и конечната одлука.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Челзи во финале го чека победникот од Реал Мадрид и ПСЖ

Дејан Дејан

Кавада и Боно се нови ракометари на Вардар

Дејан Дејан

Младите ракометарки го почнуваат ЕП со фаворитот Унгарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе