Европа оваа сезона нема да има клупски шампион во ракомет во женска конкуренција. ЕХФ денеска донесе одлука за конечно откажување на завршниот турнир што требаше да се одржи во Будимпешта.
Решавачката битка за трофејот во елитното ракометно клупско натпреварување кое според календарот требаше да се одржи во мај, а поради пандемијата беше поместена за септември дефинитивно нема да се одржи. Оваа сезона во завршницата требаше да партиципираат осумте најдобри, а турнирот чиј домаќин традиционално е унгарската престолнина на програмата беше од трети до шести септември.
ЕХФ во соопштението наведе дека поради пандемијата во моментов е невозможно да се организира турнирот, а бидејќи здравјето на ракометарките е во прв план завршницата е откажана. Според најновата одлука жрепката за следната сезона ќе се одржи на први јули во Виена, а првото коло е закажано за 12 и 13 септември.