Иако не патуваше во Хрватска, но беше дел од активностите во Белград, НБА ѕвездата, Никола Јокиќ е позитивен на Ковид 19.
Тој нема никакви симптоми и се наоѓа во својот дом во Сомбор.
Кошаркарот на Денвер беше дел од ревијалниот натпревар на кој од активното играње се прости тренерот на Мега, Дејан Милоевиќ, а на кој присуствуваше Ѓоковиќ.
Во меѓувреме се огласи таткото на српскиот тенисер кој за целиот скандал го обвини Григор Димитров потенцирајќи дека тој во Белград пристигнал со симптоми, но не сакал да се тестира при доаѓањето туку тоа го направил на друго место.
Таткото Срѓан во изјавата за телевизиската станица РТЛ изјави дека со овој потег Димитров нанел голема штета на само на семејството Ѓоковиќ туку и на двете земји, Србија и Хрватска.