Вести Економија Најважни

Индустриската комора бара и субвенционирање на сметките, не само ограничување на маржите за продажба на струја за да преживаат компаниите

Кратете трошоци, инсталирајте фотоволтаични централи. Само со намалување на потрошувачката за електрична енергија фирмите ќе може да ја пребродат зимата, апелира индистриската комора.

Одлуката на владата за ограничување на маржите на цените на отворениот пазар е добра, но не и комплетна мерка. Според првиот човек на индустриската комора Трајан Ангеловски, следен чекор мора да биде субвенционирање на сметките за струја за фирмите. Во спротивно, производствените капацитети ќе бидат приндуени да запрат со работа.

Црните сценарија се сѐ по извесни со наближувањето на зимата. Вртоглавите цени на електрична енергија и најавите за недостаток на струја на зима ќе ги принудат компаниите да размислат дали да продолжат да работат. Особено тешко, според Ангеловски, е да се направат проекции за трошоците кои претстојат бидејќи пазаранта цена на струјата варира до 100 проценти разлика.

Сојузот на стопански комори на Македонија испорача 15 барања до владата, засега ограничувањето на маржите на електричната енергија е прифатено. А, владата дополнително од 50 на 20 проценти ја намали и маржата за електричната енергија која се испорачува од краен снабдувач, односно ЕВН Снабдување.

Министерот Бектеши тврди дека дел од јавните институции, општини, основни, средни училишта, но и фирми се самите виновни што сега добиваат за 50 отсто повисоки сметки, затоа што тие не успеале на време да склучат договори за снабдување со струја. Се погласни се најавите дека освен компаниите се загрозува и функционирањето на општински и државни институции, каде што сметките за струја скокнаа неколкукратно.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно и потопло со сончеви периоди, попладне локална нестабилност – Временска прогноза за 12.5.2024

Дејан Дејан

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев, Русковска, Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе