Вести Економија

БЕГ да ги сторнира августвоските сметки побара Регулаторна

Ова е августовската сметка за парно греење која ја доби жителка на Скопје а која што е далеку повисока од досегашните. Таа вели дека во просек плаќала по илјада денари месечно за парно греење и е изненадена од сметката која што сега изнесува 1.600 денари. Голем број на граѓани го изразија своето незадоволство од високите сметки за парно греење на социјалните мрежи а поплаки пристигнале и во Регулаторната комисија.

БЕГ не ги вкалкулирала валдините субвенции во сметките за парно греење за месец август и не смеела да почне да ги доставува до граѓаните вчера и завчера бидејќи фактурираниот период сеуште не е завршен, заклучија регулаторите.

Затоа од Регулаторната побараа од БЕГ веднаш да ги повлече и сторнира сметките за месец август за сите корисници и да изготви нови во кои ќе бидат пресметани државните субвнеции и последното покачување на цената одобрено до регуѕлаторите во висина од 14 отсто.

Бислимовски е дециден дека средства во Буџетот на Владата се обезбедни за субвенционирање а има и одлука за диструбиција на субвенциите кон БЕГ и доколку таа истекла со важност може да се обнови веднаш.

За граѓаните пак кои веќе ги платиле сметките, сумата ќе се одбива во наредните месеци

Од БЕГ најавија дека во текот на денот преку соопштение ќе го изнесат својот став како и причините зошто од граѓаните се бараат парите кои се субвенционирани од Владата и зошто се доставени пред истекот на фактурираниот период.

Регулаторната комисија во јуни и ја одзеде лиценцата за работа на БЕГ и тие веќе нема да може да ги снабдуваат скопјани со топлинска енергија поради проблемите и пропустите кои резултираа со прекинато или намалено снабдување на корисниците минатата зима. Повеќе од извесно е дека обврската ќе ја превземе државната ЕСМ кој веќе формираше три компании дистрибуција, производство и снабдување кои треба да се пријават на тѕендерот кој Вчладата го распиша минатата недела.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Пезешкијан електронски го потпишаа мировниот договор меѓу САД и Иран – објавени сите 14 точки

Дејан Дејан

Има функционери на кои фотелјата им стана поблиска од народот – рече Мицкоски на партискиот роденден и најави смени на министри и директори

Дејан Дејан

Савески: Јавната обвинителка во предметот за мазутот сметала дека единствен резултат од прибраните докази е Наредба за запирање на постапката

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе