Струјата е скапа за сите. И за компаниите кои се на отворен, но и за оние кои се на регулиран пазар.
Иако , тие плаќаат за мегават час нешто над 200 евра додека на берзите е над 700 евра, велат дека износот е превисок.
Стравуваат дека многу од малите бизнис повеќе нема да можат да се носат со превисоките трошоци за струја и ќе затворат , а тоа ќе биде погубно за домашната економија.
Бектеши пак цврто стои на ставот дека цената на струјата e проблемaтична само за помал дел од бизнисите, големите компании кои ја купуваат на отворен пазар, додека за над 70 илјади фирми цената не е толку голем проблем , затоа што е драстично пониска од берзанската.
Сепак од ССК пак вчера излегоа со податок дека во Србија и Босна, помалите бизниси струјата ја добиваат по цени кои се два пати пониски од оние кај нас.
Експертската јавност смета дека треба да му се помогне на стопанството, но добро да се осмисли кои фирми треба да се приоритет во моментов, до кога би траела таа поддршка и колку пари би можеле да се вбризгаат во стопанството.
Бизнис секторот деновиве испорача барања кои сметата дека ќе го ублажат ударот од високите цените на струјата. Дел од нив се да се намалат маржите на трговците со струја, ЕСМ на слободен пазар да понуди погллеми количини од својата електрична енергија, државата да покрие одреден дел од сметките за струја, да се упростат процедурите за инвестиции во фотоволтаици, да се укине нивното ДДВ и за инвертер клими.
Иако предлозите беа испорачани до властите од таму се уште нема конкретен одговор што од сето ова е прифатливо.
Стопанството веќе подолго време апелираа до владата дека е потребна итна реакција за ублажување на ударот од ценовниот шок.
Ирена Чачкова
