Вести Економија

Поскапува маслото за домаќинство ЕЛ-1, цените на бензините и мазутот непроменети

Малопродажните цени на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за 3,5 денари за литар, додека цените на бензините и мазутот остануваат исти, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 89 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 91,50 денари за литар, цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 98,50 денари за литар, на екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 96,50 денари за литар, а на мазутот М-1 НС 52,978 денари за килограм.

Со оваа одлука, според РКЕ, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,75 отсто во однос на вчерашната одлука.

Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 27 август 2022 година. Трговците на големо и на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Пезешкијан електронски го потпишаа мировниот договор меѓу САД и Иран – објавени сите 14 точки

Дејан Дејан

Има функционери на кои фотелјата им стана поблиска од народот – рече Мицкоски на партискиот роденден и најави смени на министри и директори

Дејан Дејан

Савески: Јавната обвинителка во предметот за мазутот сметала дека единствен резултат од прибраните докази е Наредба за запирање на постапката

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе