Вести Економија Македонија

Дизелот поскапува за три денари, цените на бензините остануваат исти

Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ ќе поскапат за три денари, а цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Според РКЕ, цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 89 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе изнесува 91,50 денари, додека на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 96,50 денари. Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) ќе биде 93 денари за литар, а мазутот М-1 НС 51,686 денари за килограм.

Со оваа Одлука, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,31 отсто во однос на одлуката од 22.08.2022 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Пезешкијан електронски го потпишаа мировниот договор меѓу САД и Иран – објавени сите 14 точки

Дејан Дејан

Има функционери на кои фотелјата им стана поблиска од народот – рече Мицкоски на партискиот роденден и најави смени на министри и директори

Дејан Дејан

Савески: Јавната обвинителка во предметот за мазутот сметала дека единствен резултат од прибраните докази е Наредба за запирање на постапката

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе